Дома Фудбал Серхио Рамос ќе го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра

Серхио Рамос ќе го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра

Серхио Рамос постигна согласност со група клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб Севиља. Во овој потфат, партнер му е Мартин Инк од групата „Five Eleven Capital“, според информациите на Маноло Агилера. Со овој договор започнува период на ексклузивност, за време на кој Рамос и неговиот тим ќе ја анализираат финансиската состојба на клубот пред да се обидат да постигнат конечен договор, пишува „Кадена СЕР“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Постигнатиот договор претставува клучен чекор бидејќи сега следи процесот на темелна анализа, познат како “due diligence”. Очекувањата се дека овој процес ќе трае неколку месеци, по што ќе се донесе конечна одлука. Овој развој на настаните потврдува дека неодамнешните гласини не биле неоправдани и дека понудата на Серхио Рамос и неговите партнери е сериозна и поткрепена со начелна согласност.

Според дополнителните информации од Мигел Анхел Чазарија, почетната понуда за преземање на клубот изнесува 450 милиони евра. Рамос во текот на својата кариера два пати играл за Севиља. Првпат од 2003 до 2005 година, по што преминал во Реал Мадрид. Во клубот се врати во сезоната 2023/24, по две сезони минати во Пари Сен-Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Италија поради рускиот спонзор на Пирло, неговото назначување е засега стопирано

Изгледа сигурното назначување на Андреа Пирло како нов селектор на Италија предизвика сери…