Дома Фудбал Лига на шампиони Пјаниќ: Овој Јувентус е најдобриот во историјата

Пјаниќ: Овој Јувентус е најдобриот во историјата

juventus

Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ пред натпреварот против Јанг Бојс порача дека неговиот тим со Кристиано Роналдо го има неопходниот квалитет за освојување на Лигата на шампионите.

Јувентус денес од 21:00 часот го игра натпреварот против Јанг Бојс во рамките од последното коло во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со своето искуство и квалитет Роналдо ни помага да напредуваме. Со него станавме најдобриот тим кој го имал Јувентус во историјата“, истакна играчот за врска и продолжи:

„Мојот сон е освојување на Лигата на шампионите и ќе направиме се за да стигнеме до таа титула. Секако, тука се и останатите трофеи. Триплетата мора да биде наша цел. Имаме голем тим, а клубот секоја година работи на тоа да биде посилен“, порача Пјаниќ.

Во вториот натпревар од оваа група играат Валенсија и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…