Дома Фудбал Германија Пораз за Баерн, Унион Берлин може да го преземе врвот во Бундеслигата!

Пораз за Баерн, Унион Берлин може да го преземе врвот во Бундеслигата!

Баерн Минхен во денешните натпревари во Бундеслигата беше поразен на свој терен од Борусија Менхгладбах со 3:2.

Натпреварот не започна најдобро за Баерн бидејќи Дајо Упамекано доби црвен картон во деветтата минута, а четири минути подоцна Менхенгладбах поведе со голот на Ларс Штиндл. Во 35 минута Баерн израмни преку Ерик Максим Чупо-Мотинг и на одмор се замина со резултат 1:1.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Менхенгладбах стигна победата со головите на Јонас Хофман во 55 минута и Маркус Турам во 84 минута. Баварците до крајот на мечот успеаја само да го ублажат поразот со голот на Матис Тел во 93 минута.

Баерн го претрпе вториот пораз сезонава и е моментно прв на табелата со 43 бодови, односно има само бод повеќе од Унион Берлин, кој утре го игра својот натпревар од ова коло.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Бохум – Фрајбург 0:2, Штутгарт – Келн 3:0, Волфсбург – Лајпциг 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…