Дома Фудбал Тен Хаг е изненаден од отказот: Клубовите кои ми веруваа беа наградени со пехари

Тен Хаг е изненаден од отказот: Клубовите кои ми веруваа беа наградени со пехари

Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг влезе во историјата на Бундеслигата на неславен начин – како тренер кој најбрзо добил отказ. Баер Леверкузен вчера ја официјализираше разделбата со него, и тоа по само две одиграни средби во новата сезона.

Во тие два натпревари вицешампионот на Германија успеа да освои само еден бод, резултат кој раководството го оцени како недоволен. Сепак, одлуката предизвика бројни реакции во светската спортска јавност, бидејќи вакво брзо менување на тренер е реткост во врвниот фудбал.

„Во текот на мојата кариера, секоја сезона што успеав да ја завршам беше успешна, а клубовите што ми веруваа беа наградени со трофеи“, кажа Тен Хаг.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сан Хозе пред интензивен месец во борбата за плејоф

Сан Хозе Ертквејкс се подготвуваат за интензивен октомври со надежи за пласман во плејофот…