По поразот од репрезентацијата на Летонија од 3:0, младинската репрезентација на Македонија на „Анталија Куп“ во Турција денес во вториот натпревар ремизираше 1:1 против Финска во регуларните 90 минути, а потоа славеше победа на пенали со 5:4).
Поразот од Летонија беше изненадувачки, а денес повторно нашите млади фудбалери не успеаа да слават. Први дојдовме до водство преку Берат Калкан кој ја погоди мрежата на Финците од пенал во 32-та минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имавме предност се до почетокот на вториот дел кога Финска преку Скита го изедначи резултатот, напаѓачот реализираше по една долга топка преку нашата одбрана добивајќи можност „еден на еден“.
Последниот натпревар македонските фудбалери ќе го одиграат во понеделеник против Словачка.