На легендарниот Драган Стојковиќ – Пикси одлично му оди на клупата на Србија со која и се избори за директен пласман на Светското првенство во Катар. Еден од најдобрите српски фудбалери во овој момент е Душан Влаховиќ кој игра фантастично во дресот на Фиорентина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голем број клубови од најсилните првенства покажуваат интерес да го доведат Влаховиќ во своите редови. Јувентус е најсериозен кога се италијанските клубови во прашање, но тука се уште Сити, Тотехем и Арсенал од Премиер лигата.
Пикси го советува Влаховиќ да го промени тимот, но да остане во Италија.
„За Душан имам само еден совет во овој момент – смени го тимот ама остани во Италија! Сигурен сум дека Серија А е најдоброто првенство за негов понатамошен напредок и развој. Во иднина ќе има време да се проба и во други првенства“, изјави Пикси.
Сезонава Влаховиќ во Серија А постигна 10 гола и е на првото место на листата стрелци со Чиро Имобиле од Лацио.