Ракометарките на Вардар Андреа Пенезиќ и Ања Алтхаус се меѓу најдобрите во третото коло од главната фаза во Лигата на шампионките. Пенезиќ е една од трите ѕвезди на колото, додека според ЕХФ, Алхаус го постигнала најубавиот гол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ЖРК Вардар, во неделата, победи во Германија кај Турингер 31:29, ја забележа осмата последовна победа во Лигата на шампионките и го потврди пласманот во четвртфиналето.
Андреа Пенезиќ во победата на Вардар партиципираше со 10 голови. Покрај хрватската репрезентативка, останатите две ѕвезди на колото според ЕХФ се Ана Грос од Мец и Зита Сучански.
Од друга страна голот со шрауба на Ања Алтхаус е најубавиот во оваа рунда од Лигата на шампионките и можете да го видите ОВДЕ.