Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Дојдовме во Тбилиси по трите бода

Пандев: Дојдовме во Тбилиси по трите бода

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев пред денешниот натпревар против Грузија истакна дека атмосферата во тимот е одлична.

Пандев потенцираше дека Македонија на ова гостување доаѓа по трите бода и сака да си замине со победа.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев.

Поради повреди селекторот нема да смета на Иван Тричковски и Кире Ристевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалски судија нападнат во ‘Ржаничино – полиција го изнесуваше од теренот! 🎥

Покрај битките за место во прва и втора лига, викендов се играа и важни натпревари од пони…