Mакедонска фудбалска икона Горан Пандев го постигна својот деби гол за Парма.
Пандев влезе во игра во второто полувреме и во 55. Минута се запиша во листата на стрелци. Парма подоцна стигна до целосен пресврт и водство од 3:1. За Пандев ова беше втор настап за „млекарите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандев учествуваше и во вториот гол на Парма. По неговиот удар голманот на Порденоне ја одбрани топката на која нтрча Ман и ја смести во мрежата. Набрзо потоа мораше да биде заменет поради повреда. На теренот помина само 25 минути, но и во тие Гранде ја покажа својата класа.
Навивачите на Парма со овации го испратија Пандев надвор од теренот.