
Македонскиот тренер Ѓоко Хаџиевски има нов клуб.
Поранешниот македонски селектор потпиша договор на една година со саудискиот клуб Хајер. Мисијата на Хаџиевски ќе биде да го внесе Хајер во елитното друштво, сега е овој клуб е второлигаш.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хајер инаку е трет клуб на Хаџиевски во Саудиска Арабија после Ал Тавун и Најран. Хаџиевски зад себе има богато интернационално искуство водејќи клубови во ОАЕ, Бугарија, Србија, Азербејџан, Грција, додека во Македонија беше тренер на Вардар, Беласица, Силекс, Пелистер…