Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова повеќе нема да го носи дресот на Барселона.
Андонова после две години ја напушта Барселона, а одлуката за заминување таа ја потврди денес преку својот Инстаграм профил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дојде време да ја соопштам одлуката за мое заминување од Барселона каде што пристигнав пред две години и од тој момент се чуствував како дел од едно семејство. Поминав две неверојатни и тешки сезони, од различни причини не можевме секогаш да ја покажеме нашата супериорност. Сега заминувам со чуство дека дадов се а клубот и да помогнам и знам дека ја добив љубовта и професионалноста на ова големо семејство“, стои помеѓу другото во соопштението на Андонова.
Во овој момент нема информации каде Андонова ќе ја продолжи кариерата. Ќе потсетиме во Каталонија пристигна од редовите на францускиот Пари Сен Жермен. За Барселона настапи на 43 натпревари и постигна седум гола.