Дома Фудбал Барселона донесе одлука за иднината на Рашфорд

Барселона донесе одлука за иднината на Рашфорд

Спортскиот директор на Барселона, Деко, се сретна во понеделникот со менаџерите на англискиот фудбалер Маркус Рашфорд за преговарање околу потпишување на траен договор, пренесе денес шпанскиот Ас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а има договор за позајмица во Барселона до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми наведуваат дека каталонскиот клуб се обидува да ја намали откупната клаузула од 26 милиони фунти (30 милиони евра) за Рашфорд, која беше внесена во договорот за позајмица минатото лето.

Меѓутоа, „Скај Спорт“ наведува дека управата на клубот од „Олд Трафорд“ не сака да преговара повторно за откупната клаузула за Рашфорд, кој неколкупати изјави дека сака да остане во Барселона.

Рашфорд оваа сезона одигра 34 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна 10 голови, така што е важен дел од каталонскиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараа…