Дома Топ вести Објавени деталите: Милан договори големо засилување

Објавени деталите: Милан договори големо засилување

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на чекор од комплетирање на трансферот на Никола Власиќ од ЦСКА Москва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот репрезентативец беше голема желба на „росонерите“ бидејќу во него гледаат идеална замена за Чалханоглу.

Власиќ може да игра на неколку позиции,  како класична „десетка“, но и како крилен фудбалер.

23-годишниот Хрват минатата сезона постигна 12 гола и 6 асистенции на 34 натпревари за ЦСКА Москва, а одигра добро и на ЕУРО.

Милан понудил 5 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 20 милиони евра за откуп следното лето. Доколку Милан се пласира во Лигата на шампиони откупот ќе биде задолжителен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…