Дома Фудбал Англија Обамејанг: Поради ВАР не можам да им се радувам на головите

Обамејанг: Поради ВАР не можам да им се радувам на головите

Пјер Емерик Обамејанг синоќа го постигна израмнувачкиотн гол против Манчестер Јунајтед и му помогна на својот Арсенал да избегне пораз на „Олд Трафорд“.

Габонецот после една грешка во одбраната на Јунајтед се најде во супер шанса и излезе еден на еден со чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи“. Обамејанг ја искористи таа прилика и погоди за изедначување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


При таа позиција помошникот на главниот судија Кевин Френд досуди недозволена позиција. Меѓутоа при прегледувањето на снимката стана јасно дека направи огромна грешка. ВАР секако реагираше и голот на Френд беше признат.

„Ја земавме топката и добив одличен пас. Бев сигурен дека не сум во офсајд, се изненадив кога беше кренато знаменцето. Акцијата ја завршив затоа што бев сигурен дека не е во офсајд. Поради ВАР не можам да им се радувам на головите како порано. Сепак сум среќен, игравме добро и можеме да бидеме задоволни“, изјави Обамејанг.

Обамејанг синоќа го постигна седмиот гол после 7 кола во Премиер лигата, а последен пат таков старт во Арсенал имал Денис Беркамп во сезоната 1997/98.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Фудбалерите денес се глупави, ако играв ќе постигнев 2.000 голови“

Легендата на бразилскиот фудбал и светски шампион со „Кариоките“ од 1994 дена даде изјава …