Фудбалскиот клуб Баер Леверкузен денес го престави наследниот на Роџер Шмит, кој по серијата на лоши резултати доби отказ.
Поранешниот турски репрезентативец и актуелен асистент на Фатих Терим во турската фудбалска репрезентација, Тајфун Коркут е нов тренер на Баер Леверкузен.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Коркут е поранешен тренер на Хановер, а последната работа му беше во Кајзерслаутерн кој го отпушти во декември минатата година.
Инаку, Коркут доаѓа на местото на Роџер Шмит кој доби отказ поради лошите резултати, односно четирите порази на последните шест натпревари, а чашата ја прели поразот од 6:2 против Дортмунд.