Репрезентацијата на Бразил на големо се спрема за почетокот на Копа Америка каде што ќе биде еден од главните фаворити за трофејот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Главна ѕвезда на Бразил е Нејмар, а тој денес покажа дел од богатството со кое располага.
Имено, Нејмар на тренингот на својата репрезентација дојде со хеликоптер кој вреди 12 милиони долари.
Без разлика да хеликоптерот е негов или изнајмен секако дека вакво нешто е и тоа како скапо, но ако се знае колку тој заработува може без проблем да си дозволи.
Копа Америка започнува на 14-ти јуни и ќе трае се до 7-ми јули, а ќе се игра во Бразил. „Кариоките“ се во група со Боливија Венецуела и Перу.
