Дома Македонски спорт Несторовски: Победа не дај Боже може да заврши во трета лига, заедно со Пелистер потребна е на македонскиот фудбал!

Несторовски: Победа не дај Боже може да заврши во трета лига, заедно со Пелистер потребна е на македонскиот фудбал!

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски денес се вклучи „во живо“ на Инстаграм каде што во опуштена атмосфера зборуваше на разни теми и одговараше на прашања од фановите.

„Бомбардерот“ откри дека најтежок предмет му бил физика, го слушаше Лозано (Километри), се шегуваше на своја сметка, а кратко разговараше и со поранешниот репрезнетативец Мирко Ивановски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нестор доби прашање за ситуацијата во Прилеп и стадионот на Победа:

„Стадионот во Прилеп го видов пред 6-7 месеци и не беше баш во најдобра состојба. Победа во овој момент е втора лига и како што стои работата, не дај боже може да заврши во трета. Победа, Пелистер…Тоа се екипи кои се потребни на македонскиот фудбал“.

Потоа на кратко друштво му правеше, Мирко Ивановски.

Ивановски го праша Нестор каква е ситуацијата кога почнуваат:

„Од 4-5 мај би можеле да почнеме во групи. Најверојатно ќе играме потоа до крајот среда-недела. “.

Ивановски му возврати ќе се „умреш“ одиграње на што Нестор се пошегува на своја сметка.

„Ќе се „умрат“ некои други. Јас среда ќе ја скокам“, опуштено се пошегува Нестор на своја сметка.

Секако ова беше само еден дел од опуштеното дружење со Нестор на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…