
Фудбалерот од првиот тим на Челзи, Кол Палмер, изразил незадоволство од својата ситуација во клубот и не е исклучена можноста да си замине од Стамфорд Бриџ ова лето, објавуваат британските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сезоната не му оди најдобро, Палмер се соочува со проблеми со формата и повреди, а приспособувањето на новата тактика не помага. Се смета дека овој нов пристап го ограничил неговото влијание на теренот, што придонело за неговото разочарување во последниот период.
Интересот за 23-годишниот англиски фудбалер е голем и од различни европски клубови, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен го следат неговиот развој.
И покрај неизвесноста, Челзи го гледа Палмер како значајна фигура во нивниот проект и немаат намера да го стават на пазарот за трансфери.
Палмер во Челзи пристигна во 2023 од Манчестер Сити. Досега, одигра 122 натпревари, постигна 53 голови и ги освои Лигата на конференцијата и Светското клупско првенство.