Дома Фудбал Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тогаш не можат лесно да те заборават.

Легендарниот бразилски напаѓач Вагнер Лав ја стави точката на богата кариера и тоа на начин како што прилега на големи играчи.

Со 41 година реши да ги остави копачките, а збогувањето го одбележа со гол во судиското продолжение.

Во дресот на Ретро ФК беше херој на победата над Сеара со резултат 3:1 во рамките на Куп на Нордесте.

Последниот погодок на натпреварот го постигна во 94-тата минута, со што на совршен начин ја круниса својата кариера.

Следеше акција на соиграчите по крилото и рутинирано ја затресе мрежата, по што следуваше вистинска еуфорија на трибините.

Навивачите беа сведоци на моментот кој долго ќе се памети, а емоциите го преплавија стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…