Дома Останати Кошарка Јокиќ е „машина“: Србинот го урна Голден Стејт за шести триумф по ред на Денвер (Видео)

Јокиќ е „машина“: Србинот го урна Голден Стејт за шести триумф по ред на Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс го продолжија победничкиот низ во НБА лигата, откако пред своите навивачи убедливо го совладаа Голден Стејт со резултат 116:93.

Уште едно впечатливо издание прикажа Никола Јокиќ, кој беше на чекор од нов трипл-дабл – натпреварот го заврши со 25 поени, 15 скокови и осум асистенции.

Ефикасна поддршка доби од Џамај Мареј, кој постигна 20 поени со седум асистенции и шест скокови.

Значајни придонеси дадоа и Тим Хардавеј Јуниор (16), Брус Браун (15), Кристијан Браун (12) и Пејтон Вотсон (10).

Од другата страна, Вориорс настапија без повредениот Стеф Кари, што навистина се почувствува во организацијата на играта.

Најефикасни во редовите на гостите беа Брендин Подземски и Кристапс Порзингис со по 23 поени, додека Гери Пејтон додаде 16.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…