Дома Фудбал Од Франција пристигна шок за Реал Мадрид и светот на фудбалот: “Ова мора да е лага”

Од Франција пристигна шок за Реал Мадрид и светот на фудбалот: “Ова мора да е лага”

Навивачите на Реал Мадрид, како и спортската јавност, беа во шок откако француските медиуми објавија дека лекарскиот тим на кралскиот клуб направил сериозна грешка откако го прегледал погрешното колено на Килиан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Лекарите од Реал Мадрид го прегледаа погрешното колено кога повредата едвај што се појавила. Го гледаа десното наместо левото колено и му рекоа дека сè е во најдобар ред”, изјави РМС и додаде:

“Се врати на натпреварите и тренинзите со повредата и дополнително ја влоши.”

Иако Мбапе ги отфрли таквите тврдења, сега угледниот Л’Екип донесува уште една неверојатна приказна. Станува збор за Едуардо Камавинга.

Според пишувањата на овој весник, и играчот на Реал помина низ сличен проблем.

“Реал Мадрид направи грешка и при повредата на Едуардо Камавинга, исто како што беше случајот со Килиан Мбапе,” се наведува и додава:

“Лекарскиот тим го испитуваше десниот зглоб на Камавинга, иако на 3 декември тој го повреди левиот,” се вели.

За вистинско чудо изгледа дека лекарскиот тим на шпанскиот гигант прави вакви грешки. Сепак, прашање е како ни фудбалерите не реагирале во ваков случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Талески: Подготвени сме за предизвикот кој нè очекува во ЛШ!

Чуварот на мрежата на македонскиот шампион Вардар, Давор Талески кажа дека е задоволен од …