Дома Фудбал „Не сакам да слушнам за неа“ – еден од најдобрите англиски фудбалери се откажа од ќерката поради Онли Фенс!

„Не сакам да слушнам за неа“ – еден од најдобрите англиски фудбалери се откажа од ќерката поради Онли Фенс!

Во Англија е прогласен за еден од 50 најдобри фудбалери на сите времиња, но ја отфрли својата ќерка пред јавноста!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот англиски фудбалер, Дејвид Дан, се најде во центарот на вниманието поради семејна ситуација која предизвика многу јавна дискусија.

Некогашниот среден играч на Блекбурн Роверс, кој има играше и за репрезентацијата на Англија, ја прекинал комуникацијата со својата ќерка Миа.

Станува збор за 19-годишната Миа Винвард-Дан, која одлучи да снима содржина за возрасни на платформата OnlyFans.

Според нејзините изјави, оваа одлука довела до целосно прекинување на односите со родителите.

“Сакав да се поврзам повторно со татко ми, но ми упати навредливи зборови за време на разговорот,” рече Миа.

Таа додаде дека нејзините родители одлучиле да прекинат секоја комуникација.

“Пробав да објаснам, но ме навредуваа и ми го блокираа бројот.”

Истакнува дека е свесна за својата одлука и стои цврсто зад неа.

“Им реков дека тоа не значи дека сум лоша личност. Имам 19 години и одлучив да работам нешто свое.”

Таа спомнува и дека нејзината работа носи значајни приходи, што според нејзините зборови достигнува и околу 100.000 фунти месечно.

Дејвид Дан во текот на кариерата беше симбол на Блекбурн, за кој одигра 377 натпревари и постигна 58 голови.

Во еден период беше еден од најдобрите средни играчи во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Мајкл Џордан испрати порака до Гвардиола. Пеп: Немав поим дека знае за мене

ПЕП ГВАРДИОЛА се збогуваше од Манчестер Сити по десет години како водечки тренер на тимот,…