Хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ нема да биде дел од тимот на Милан за денешниот натпревар против Киево во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Не станува збор за никаква повреда, туку за одлука на тренерот Џенаро Гатузо.
Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека не постои никаков конфликт помеѓу тренерот и фудбалерот, туку одлуката на Гатузо е поради недоволното залагање на Калиниќ на тренинзите.
Имено, Калиниќ во последно време не тренирал со посакуваниот интензитет, а тоа особено станало видливо вчера кога разбрал дека повторно Кутроне ќе биде стартер против Киево.
Поради тоа Гатузо донесе одлука да го отсрани Калиниќ од играчите кои се повикани за дуелот со Киево.
Поради повреда на списокот ги нема уште Давиде Калабрија, Игнацио Абате и Алесио Ромањоли.