Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман: Пеналот беше чиста глума и тажна одлука

Нагелсман: Пеналот беше чиста глума и тажна одлука

После синоќешниот натпревар во ЛШ помеѓу ПСЖ и Лајпциг во кој домашниот тим славеше со 1:0, со гол на Нејмар од пенал, тренерите на двата тима беа незадоволни од судијските одлуки. Посебно незадоволен беше тренерот на германскиот тим Нагелсман кој смета дека воопшто немало пенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нагелсман се прашува како ВАР собата не го контактирала главниот судија, односно да му покажат дека Ди Марија го одглумил контактот кој донесе до најстрога казна.

„Мислам дека ПСЖ немаше реална шанса во игра, а пеналот беше комичен. Ваква одлука на вакво ниво е навистина тажна. Беше чиста глума, никаков контакт. Судиите од ВАР собата веројатно гледале некој друг натпревар.“

Лајпциг сега е во доста тешка ситуација.

„Понекогаш разликата во фудбалот ја прават нијанси. Овој пат тоа беше судијската одлука. Ќе беше убаво самите да се наградиме во финишот. Сега немаме добра ситуација во групата, мора да ги победиме следните два натпревари и да се надеваме дека ПСЖ тоа нема да го направи.“ – рече Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…