Навивачите на Манчестер Јунајтед го загубија трпението со најскапиот играч на тимот Пол Погба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба цело лето беше во центарот на вниманието поради евентуален трансфер во Реал Мадрид, а и самиот призна дека е спремен за нов предизвик.
Потоа со почетокот на сезоната дојдоа слабите партии на Французинот. Најпрво промаши пенал во ремито со Вулверхемптон, а поразот од Кристал Палас ја „прели чашата“.
Навивачите го загубија трпението и му испратија порака. Тие напишаа графити на знаците во близина на тренинг центарот и му порачаа на Французинот да си оди од клубот.
Vandals spray ‘Pogba Out’ on new sign outside Man Utd training ground after midfielder suffered racial abuse on social media https://t.co/Gpdh7RhEKP
— The Sun – Man Utd (@SunManUtd) August 28, 2019