Дома Фудбал Италија Навивачите на Интер жестоко удрија по Лукаку: Не сакаме повеќе очи да ти видиме!

Навивачите на Интер жестоко удрија по Лукаку: Не сакаме повеќе очи да ти видиме!

Дефинитивно Ромелу Лукаку нема да се врати во Интер.

„Нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите со белгискиот напаѓач откако пристигна информијата дека Лукаку одолговлекувал затоа што чекал да види дали ќе ги финализира преговорите со Јувентус од каде што имал подобра финаниска понуда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Спортскиот директор, Бепе Марота потврди дека повеќе нема преговори со Лукаку и таа приказна за Интер е завршена. Порака до Белгиецот испратија и навивачите на Интер.

„Не сакаме повеќе да ти видиме очи. Не предаде сите. Те браневме и во тешки моменти, секогаш бевме покрај тебе, а ти ни забод нож во грб. Го бакнуваше нашиот амблем и не лажеше. Ти не си вистински маж“, гласи пораката на фановите.

Интересно е што ниту навивачите на Јувентус не го сакаат Лукаку (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…