Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку нема да се врати во Интер, откако му заврши позајмицата и беа прекинати преговорите меѓу двете страни затоа што тој имал состанок со Јувентус.
Јувентус е заинтересиран за Лукаку, но мора најпрво да го продаде Душан Влаховиќ пред да испрати понуда за Белгиецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку во минатото истакнуваше дека никогаш нема да го носи дресот на Јувентус, но очигледно тоа не му пречи сега за да влезе во преговори.
Сепак, ако него не му пречи, им пречи на фановите на клубот од Торино кои се собраа пред клупските простории и скандираа против доведување на белгискиот напаѓач.
“Noi #Lukaku non lo vogliamo”: tifosi #Juve contro l’arrivo dell’attaccante @SimoneDinoi pic.twitter.com/rf5SspK2OU
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) July 17, 2023