Без поздрав за добро утро менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се појави на конференцијата за медиумите која вчера ја закажа за денес во осум часот (вообичаено е пет часа подоцна).
Како и што навикнавме во последно време, следуваше циркус, а новинарите очекувано останаа без одговори на некои прашања или пак добија кратко објаснување.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
Зошто Јунајтед има има толку проблеми? – гласеше прашањето.
Жозе: Има многу причини…
Можете ли да ни ги кажете ти причини?
Жозе: Не!
Сепак, Мурињо потоа призна дека моменталните резултати се неприфатливи за клубот.
„Да, го признавам тоа. Сепак, ако ги погледнете табелите ширум Европа во септември и октомври, тие не се показател на она што ќе се случи на крајот од сезоната. Можеме да бидеме подобри и мораме да ги надополниме изгубените бодови. Навистина, не победуваме на домашен терен, но имаме само еден пораз – само еден на домашен терен. Не победивме на последните три натпревари, имаме три нерешени средби, тоа не е пораз, но не е среќата таа која ги носи победите. Мораме да се обидеме да победиме на овој натпревар во сабота“, изјави Мурињо.
Манчестер Јунајтед утре го игра својот натпревар против Њукасл.