Дома Фудбал Италија Мората за тешкиот период: Во тие моменти не е важно кој сте и колку пари имате

Мората за тешкиот период: Во тие моменти не е важно кој сте и колку пари имате

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората летово со Шпанија го освои Европското првенство по што одлучи да си замине од Атлетико Мадрид и се врати во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во минатото во Италија, Мората го носеше дресот на Јувентус, додека сега настапува за Милан.

Мората во текот на летото беше критикуван од шпанската јавност, а сега во интервју „Херера ен Копе“ првпат зборуваше за проблемите кои ги имал надвор од теренот.

Шпанецот во краткиот исечок зборува дека депресијата била една од главните причини што тој си заминал од Мадрид.

„Кога ќе дојдат тешки моменти како депресија или напад на паника воопшто не е ваѓно кој си и колку пари имаш, со што се занимаваш…Тоа е една борба со друга личност во самиот себе, борба која ја водиш ден и ноќ…Најдобро беше за мене да заминам од Шпанија затоа што стигнав до точка кога не можев да поднесам“, признава Мората.

Исто така Шпанецот во текот на летото се раздели и со својата сопруга, па веројатно и тоа имало одредено влијанеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ го истакна Ламин Јамал, како играч кој со нетрпение сака да го гледа на…