Tренерот на Милан, Винчецо Монтела, денес се обидуваше да ја смири ситуацијата во врска дефанзивецот на овој клуб, Леонардо Бонучи.
Најскапото летно засилување на Милан оваа сезона ја доби улогата на лидер на теренот, но и капитенската лента. Во италијанските меидуми се шпекулираше дека после натпреварот против Џенова (0:0), Бонучи ја понудил капитенската лента на Рикардо Монтоливо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знам дека кога е лоша ситуацијата ваквите работи стануваат големи и „напумпани“ од медиумите. Бонучи никогаш не кажа дека се откажува од капитенската лента. Таквите приказни нас не вознемируваат, но знаеме и дека секогаш ќе ги има“, изјави Монтела пред утрешниот на Милан против Киево.
Монтела во продолжение зборуваше за натпреварот кој го очекува неговиот тим.
„Киево е тим кој не изгубил од 9 септември, се работи за искусен и солиден тим. Мораме да одиграме интелигентно, да го пронајдеме вистинскиот баланс и конечно да започнеме да освојуваме бодови“, изјави Монтела.