Поранешниот италијански дефанзивец, Леонардо Бонучи на крајот од минатата сезона објави крај на својата кариера, а сега откри дека двапати го одбил Пеп Гвардиола.
Бонучи во кариерата го носеше дресот на најпознатите италијански клубови, Интер, Јувентус и Милан, додека сега откри дека можел да игра и под водство на шпанскиот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двапати ми испраќаше понуди во 2016 и 2017 година кога се пресели во Милан. Во 2016 година не размислував затоа што немаше шанси Јувентус да ме стави на продажба и јас бев среќен. Во 2017 година ми се јавија Мирабели и Монтела и ме убедија така што ми кажаа дека ќе бидам лидер и капитен на новиот проект. Исто така не сакав да ја напуштам Италија.
Кога веќе му дадов збор на Милан имав покани од Манчестер Сити и ПСЖ, но јас човек кој стои на дадениот збор“, изјави Бонучи.