По поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, Лука Модриќ се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веќе се појавија шпекулации дека саботниот меч за бронза на СП во Катар ќе биде негов последен меч во „коцкестиот“ дрес.
„Светот ни оддава голем респект и по поразот. Нашите навивачи се горди до небото што сме меѓу најдобрите 4 на светот. Како и во Русија во 2018, така и сега, горд сум што сум капитен на репрезентација која на дело покажа сила, заедништво, храброст и карактер на борци за нашата Хрватска. Тоа се вредности кои не можат да се сменат кога е тешко. Тогаш се уште поважни! Во сабота продолжуваме гордо по истиот пат. Над сите, Хрватска“, напиша Модриќ.