Дома Фудбал Репрезентации Модриќ: Мундијалот во Катар ќе биде мојот последен

Модриќ: Мундијалот во Катар ќе биде мојот последен

За многумина Лука Модриќ е и најдобриот хрватски фудбалер во историјата, а сега потврди дека Мундијалот во Катар кој следи за помалку од еден месец ќе биде негов последен во кариерата.

Капитенот на Хрватска и член на Реал Мадрид во интервју за ФИФА каде што го најавува Светското првенство го потврди она што се шпекулираше подолго време.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Свесен сум дека се поблиску е крајот на мојата кариера и ова Светско првенство е последното на кое ќе играм за Хрватска. Често пати луѓето ме прашуваат зошто продолжувам да играм за Хрватска, место да се фокусирам на клубот. Репрезентацијата нешто посебно за мене. Нема поголема радост од тоа да играш за својата земја. Моето збогување ќе биде навистина тешко“, изјави Модриќ.

За Хрватска Модриќ дебитираше во 2006 година и досега на 154 натпревари постигна 23 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…