Дома Актуелно Милан не сака да го купи Игуаин, ќе го враќа во Јуве

Милан не сака да го купи Игуаин, ќе го враќа во Јуве

Италијанските медиуми денеска пренесуваат информација дека Милан наредното лето ќе го врати Гонзало Игуаин назад во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да потсетиме, Пипито во редовите на Милан стигна минатото лето на позајмица од Јувентус за 18 милиони евра, а доколку Росонерите сакаат да го откупат неговиот договор мора да платат дополнителни 36 милиони евра.

Сепак, Кариере дело Спорт пренесува дека Милан не сака да му дава плата од девет милиони евра за Игуаин до 2021. година доколку го купи, па затоа ќе се обиде да ја намали цената, а доколку не успеат, трансфер нема да има.

Да потсетиме, Игуаин во досегашниот дел од сезоната постигна седум погодоци на 13 натпревари, а против Јуве доби црвен картон поради кој ќе ги пропушти наредните два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Клоп ја избриша фотографијата со навреда за Звезда, откриено и која била жената

Познатиот германски тренер Јирген Клоп се најде во центарот на вниманието на српската јавн…