Марио Балотели и Марко Матераци долги години беа соиграчи во Интер и се големи пријатели, но имало возбудливи денови во нивните заеднички денови во Милано.
Матераци за италијанските медиуми откри за инцидентот кој се случи 2010 година после мечот со Барселона на „Џузепе Меаца“ кога Балотели го фрли дресот, па добил ќотек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро го истепав тој ден и тоа е вистина. Го сакам Марио, но тој го заслужи тоа. После тоа повторно бевме пријатели, но тогаш направи нешто што не смееше. Да го фрлиш дресот после натпревар и тоа е неопростиво. Во автобусот пред мечот зборуваше дека намерно ќе игра лошо, а јас му ветив дека ќе плати ако го направи тоа“, изјави Матераци.
„Се сеќавам дека кога влезе во игра шутираше од пола терен, а требаше да биде контранапад. Диего Милито беше многу лут на него. После мечот го истепав, а потоа повторно се спријателивме и станавме како браќа“, открива Матераци.