Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед е светски бренд, влезе и во светот на модата (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед е светски бренд, влезе и во светот на модата (ВИДЕО)

Maнчестер Јунајтед освен што гигант во фудбалот е и светски бренд, а тоа го покажа и со последниот потег.

Имено, „црвените ѓаволи“промовираа навивачка колекција креирана од американскиот бренд „Тру релиџн“, а истата поради квалитетот на тексасот и тоа како се прославија.

Дел од колекцијата се панталони, јакна и маички. „Манекени“ во промоцијата беа ѕвездите на клубот од „Олд Трафорд“ – Пол Погба, Ентони Марсијал, Маркус Рохо, Давид Де Геа…

Оваа колекција во продажба ќе биде пуштена за четири дена, односно на 26 октомври, а истата ќе може да се купи во сите официјални продавници на клубот.

Треба да се истакне дека „црвените ѓаволи“ се првиот клуб во светот кој влегува и во светот на модата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…