Дома Македонски спорт Македонија со 15 каратисти на големото натпреварување во Берлин

Македонија со 15 каратисти на големото натпреварување во Берлин

Македонските каратисти заминаа за Берлин, Германија каде од 14 до 16 септември ќе се одржи Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова натпреварување е едно од најсилните во календарот на WKF, а за македонските каратисти претставува последно критериумско натпреварување во изборот на репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство во Мадрид на почетокот на ноември.

Согласно критериумите за настап на Премиер лигата во Берлин, право за настап имаат каратистите кои се наоѓаат меѓу 100 најдобри во својата категорија на ВКФ ранг листата.

На турнирот пријавени се вкупно 763 натпреварувачи од вкупно 72 земји, а Карате федерацијата ќе ја претставуваат 15 каратисти.

Учесници од Македонија на Премиер лигата во Берлин, Германија:
1. Драгана Манговска -50кг.
2. Сара Радичевска -50кг.
3. Симона Заборска -55кг.
4. Јована Георгиева -55кг.
5. Наташа Стефановска -61кг.
6. Вероника Костовска -61кг.
7. Ангела Мојсовска -68кг.
8. Моника Стефановска -68кг.
9. Емил Павлов -60кг.
10. Петар Заборски -75кг.
11. Берат Јакупи -84кг.
12. Петар Спасеновски -84кг.
13. Виктор Крстевски -84кг.
14. Мартин Несторовски +84кг.
15. Жарко Арсовски +84кг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …