Дома Трансфер зона Левандовски следното лето го напушта Баерн и се сели во…

Левандовски следното лето го напушта Баерн и се сели во…

Шпански „АС“ пренесува дека Роберт Левандовски следното лето ќе го напушти Баерн и кариерата ќе ја продолжи во Примера.

Наводно веќе Левандовски постигнал договор со Реал Мадрид и следното лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот голгетер минатата сезона го собори рекордот на Герт Милер и постигна 41 гол во Бундеслигата.

Левандовски влезе во последната година од договорот со Баерн, но не сака да ја продолжи соработката бидејќи сака да ја промени средината.

Неговиот агент Пини Захави е во одлични односи со „кралевите“ и наводно веќе постигнал договор, па Левандовски следното лето ќе се пресели во Мадрид како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…