Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс и официјално претставен во Лејкерс

Леброн Џејмс и официјално претставен во Лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс и официјално стана нов играч на ЛА Лејкерс, соопштија на официјалната страна на НБА лигата. 

Џејмс со Лејкерс потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари, а неговото доаѓање во Лос Анџелес беше најавено уште пред десетина дена и само се чекаше официјална потврда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн во Лејкерс пристигна од Кливлент во кој можеше да одигра уште една сезона за 35.6 милиони долари, но тој тоа го одби и одлучи да остане слободен играч.

Џејмс зад себе има сезона во кој има учинок од 27.5 поени, 8.6 скокови и 9.1 асистенции по натпревар, додека во Плејофот беше уште подобар и забележа 34 поедни по натпревар, 9.1 скокови и 9 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…