Дома Фото Кристијано Роналдо на удар поради селфито во авионот: Не е ден за ваква објава!

Кристијано Роналдо на удар поради селфито во авионот: Не е ден за ваква објава!

Додека фудбалскиот свет е во неизвесност и чека информации за судбината на напаѓачот на Кардиф, Сала, ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо предизвика реакции на социјалните мрежи поради селфито од авионот.

Кристијано вчера во Мадрид беше осуден на две години условна казна затвор поради затајување данок, но казната ја избегна откако плати 19 милиони евра оштета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот потоа одлучи да направи селфи во авионот. Тоа предизвика реакции на социјалните мрежи и тоа поради ситуацијата со авионот на аргентинскиот фудбалер Сала.

„Не е ден за ваква објава. Реално не е.“ – напиша на Твитер легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер, а потоа додаде:

„Убеден сум дека не знаел за настанот со авионот, но сепак, требало некој да му каже.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Кубарси потпишува нов договор со астрономска откупна клаузула

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси наскоро ќе потпише нов договор со клубот со астр…