Дома Трансфер зона Крај на сите шпекулации: Се огласи агентот на Салах

Крај на сите шпекулации: Се огласи агентот на Салах

Ремси Абас Иса, менаџерот на Мохамед Салах истакна дека неговиот клиент летово нема да го напушти Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ако имавме некаков план за заминување од Ливерпул оваа година, немаше да го обновиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, пренесе „Скај“.

Саудискиот Ал-Итихад кој ги доведе Бензема и Канте покажа интерес и му понудил 51.8 милиони фунти за двегодишен договор.

Салах има 31 година и минатото лето го продолжи договорот со Ливерпул до 2025 година. На „Енфилд“ египетскиот фудбалер пристигна во 2017. година, одигра 305 натпревари и постигна 186 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…