Во секој момент се очекува Реал Мадрид да го потврди трансферот на Еден Азар во Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Марка“ пишува дека на „Сантијаго Бернабеу“ се завршуваат последните активности пред Азар да биде претставен, а до истото остана само уште една дилема.
Имено, единствената работа која медиумите никако не можат да ја откријат е тоа кој број ќе го носи Азар во белиот дрес.
Тој најмногуби ја сакал „десетката“ која ја носеше во Челзи, но и во репрезентацијата на Белгија. Сепак тој број во Реал Мадрид го носи Лука Модриќ и медиумите не очекуваат ако тој остане Хрватот да му го препушти.
Единствениот број кој е слободен во првиот тим е 16, но тој на ниту еден начи не е поврзан со Азар или некоја легенда на Реал и прашање е дали Азар ќе го добие.
Се пишува дека ќе ја носи „седмицата“ која му припаѓа на Мариано Диза, додека други најавуваат дека би можел да ја носи 23-та која некогаш му припаѓаше на легендарниот Бекам. Инаку, постои и можност да биде претставен без број на дресот, па подоцна да се одлучи.