Дома Фудбал Италија Конте: Серија А? Ќе се вратам повторно да ги пореметам работите

Конте: Серија А? Ќе се вратам повторно да ги пореметам работите

Италијанскиот стратег и тренер на Тотенхем, Антонио Конте најави дека во иднина би можел да се врати во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте минатата сезона ја освои шампионската титула со Интер и така ја прекина доминацијата на Јувентус, која тој ја започна.

Конте изјави дека е среќен за добрите резултати на Интер и оваа сезона, но дека би можел да се врати за „повторно да го поремети поредокот“.

„Среќен сум за резултатите кои Интер ги бележи оваа сезона. Поставени се темели за клубот да може да остане на врвот долги години. Сега останува на другите да се обидат да го симнат од врвот“.

„Можеби еден ден јас ќе се вратам за повторно да ги пореметам работите во Серија А“, истакна Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парагвај поднесува жалба до ФИФА против Џуд Белингам

Парагвајската фудбалска асоцијација поднесе официјална жалба до ФИФА, со која бара казна з…