Дома Фудбал Англија Комедија на пресот: На Конте му подарија дрес од Јунајтед со потпис од Мурињо!

Комедија на пресот: На Конте му подарија дрес од Јунајтед со потпис од Мурињо!

Еден италијански новинар кој присуствуваше на денешната пресконференција, дојде пред менаџерот на Челзи Антонио Конте со дрес од Манчестер Јунајтед и тоа потпишан лично од Жозе Мурињо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На дресот на „црвените ѓаволи“ стоеше бројот 1 и името на Конте, а додатно му ја покажа и пораката која му ја испраќаат група комичари и го советуваат да се смири со Мурињо.

„Ова е од твојот пријател Жозе Мурињо. Го посетивме и тој ни порача дека многу му се допаѓаш како личност. Погледни само што ти напиша на подарокот. Сега мора да ветиш дека ќе му возвратиш со подарок и ти“.

Конте не сакаше да го прифати подарокот и само се насмеа, но се виде дека не му е сеедно, бидејќи е во лоши односи со „Специјалниот“.

Новинарот после овој инцидент беше отсранет од салата и веројатно нема повеќе никогаш да присуствува на пресконференциите од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал се разделува со осум играчи за да ги оствари двете големи цели

Управата на Арсенал е подготвена да продаде цели осум играчи од сегашниот состав за да ги …