Викендов се игра 26. коло во ПМФЛ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во ова коло Пелистер гостува кај Работнички откако во претходното коло славеа против Вардар. Пелистер ќе биде комплетен и тренерот Димитар Капинковски се надева на позитивен резултат.
„Ни годи победата во „вечното дерби“ против Вардар и после таков триумф, атмосферата е позитивна. Но, ние со секој ривал, без разлика дали се викал Вардар или Работнички, мора да се надигруваме и да играме на победа, за да ги оствариме нашите амбиции – опстанок во лигата, по можност да го избегнеме и баражот.
Работнички е многу квалитетна екипа, клуб со долга традиција и очекувам тврд и неизвесен натпревар. Одиме на надигрување, да се обидеме да постигнеме гол повеќе за позитивен резултат“, заклучи Капинковски.