Дома Македонски спорт Калин после голема битка поразен во 1/4 финалето на Вимблдон

Калин после голема битка поразен во 1/4 финалето на Вимблдон

Maкедонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Вимблдон во четвртфиналето.

Не успеа Ивановски да се пласира во полуфиналето и по голема битка загуби од Шпанецот Роденас со 2:1 во сетови. Иако имаше предност од 1:0 после првиот сет (6:3), Шпанецот го подигна нивото на игра и прво израмни преку тај брејк (7:6-7:5), а потоа во третиот сет со 6:3 дојде до победата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Треба да се спомене дека македонскиот тенисер во вториот сет од 5:1 стигна до 5:5, за потоа на свој сервис во тај брејкот да има и меч топка, која за жал не ја искористи.

Ивановски така мораше да се помири со елиминацијата во четвртфиналето што секако е голем успех затоа што е првиот Македонец кој ќе играл во четвртфинале на еден Гренд слем турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…