Зад нас е возбудлива недела во европскиот фудбал, а најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Рома.
Рома ја шокираше Барселона и во Рим ја победи со 3:0 со што обезбеди пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изборот на УЕФА за играч на неделата беа неколку кандидати: Садио Мане, Един Џеко, Марио Манџукиќ, Арејн Робен...
На крајот според гласовите на посетителите на УЕФА страницата беше избран Садио Мане, иако пример Мохамед Салах беше повеќе заслужен за победата на „црвените“, а да не зборуваме за головите на Марио Манџукиќ во Мадрид или пак настапот на Џеко против Барселона.
Навистина е нелогично што оваа награда заврши кај Мане, но јасно е дека сепак Сенегалците беа најупорни во „кликањето“ па Мане помалку и незаслужено го понесе епитетот играч на неделата.