Дома Фудбал Александар Станковиќ од лето во Интер!

Александар Станковиќ од лето во Интер!

Раководството на Интер донесе одлука дека на крајот од сезоната ќе ја активира клаузулата за враќање на Александар Станковиќ и ќе го врати во клубот од Клуб Бриж, пренесе Газета дело Спорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако до крајот на натпреварувачката година остануваат уште неколку месеци, во миланскиот клуб сметаат дека нема потреба од дополнително чекање, со оглед на напредокот на младиот играч за врска за време на неговиот престој во Белгија.

Проценката е дека Станковиќ достигнал ниво што му овозможува рамноправна борба за место во тимот веќе од следната сезона.

Финанскиот аспект исто така имаше значајна улога. Активирањето на клаузулата ова лето ќе изнесува 23.000.000 евра, додека евентуалното одложување на враќањето за една година би го зголемило трошокот за дополнителни 2.000.000.

Станковиќ за време на сезоната во дресот на белгискиот клуб привлече внимание со настапите во европските натпреварувања, со што го привлече интересот на повеќе големи клубови од најсилните лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …