Дома Фудбал Проблем за ПСЖ: Гигантот остана без важен фудбалер за четвртфиналето во ЛШ

Проблем за ПСЖ: Гигантот остана без важен фудбалер за четвртфиналето во ЛШ

Бредли Баркола блесна во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи, постигнувајќи гол во двете средби за ПСЖ, но актуелниот европски шампион ќе мора да се снаоѓа без него во четвртфиналето затоа што доживеа повреда која бара повеќенеделна пауза.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Баркола изминатиот вторник вечер доживеа исчашување на лигаментите на зглобот, поради што му следуваат еден месец пауза и нема да биде дел од тимот за време на терминот на четвртфиналните дуели на Лигата на шампионите, закажани за првата половина на април.

Ова не е првпат францускиот репрезентативец сезонава да претрпи повреда. Имаше проблем со задната ложа, но таа повреда беше многу поблага и отсуствуваше само неколку дена.

Многу поголем проблем е што Баркола влезе во одлична форма бидејќи беше стрелец на пет од последните шест натпревари на ПСЖ во сите натпреварувања.

Веќе сега е само на четири гола до изедначување на неговото минатосезонско постигнување во француската лига, додека е уште поблиску до целта да го надмине својот најдобар учинок во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема радост на „Меаца“, Интер е нов шампион на Италија!

Фудбалерите на Интер го совладаа тимот на Парма во Милано со резултат 2:0 во натпреварот о…