Дома Фудбал Италија Ибра во Милан носи Американец со македонско потекло

Ибра во Милан носи Американец со македонско потекло

Златан Ибрахимовиќ има влијателна функција во Милан и во моментов е десна рака на сопственикот Гери Кардинале.

Според италијанските медиуми, Ибра сака да го засили менаџментот на Милан со Јован Кировски, поранешниот американски фудбалер кој има македонско потекло и кој во својата кариера играше и во Европа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Кировски долги години беше технички директор на Лос Анџелес Галакси и своевремено го доведе Ибрахимовиќ во МЛС клубот, па оттогаш трае и нивното познанство.

Медиумите тврдат дека ангажманот на Кировски е пред реализација и дека тој дефинитивно ќе пристигне во Италија, но засега е нејасно каква функција ќе добие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…